Емили Ратајковски објави фотографија на која го дои својот син: „Изгледа дека секогаш дојам“

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Емили Ратајковски ужива во мајчинството, што го докажува на Инстаграм и со објавена фотографија, на која го дои синот Силвестер.

„Ако изгледа дека секогаш дојам, тоа е затоа што е така“, напиша таа во описот на објавата, која собра повеќе од милион лајкови за само неколку часа.

„Тоа е работа со полно работно време“, „Уживај во секоја секунда од тоа посебно чувство“, стоеше во коментарите.

Инаку, Емили го роди своето прво дете на почетокот на март со нејзиниот сопруг Себастијан Бер Меклард.

Емили и Себастијан Бер Меклард се во брак од 2018 година.

Слични содржини