Емина Јаховиќ искрено за нејзиниот партнер и религија: „Го сакам исламот, ги почитувам другите

од Vladimir Zorba

Пејачката Емина Јаховиќ (39) истакна дека ја сака својата вера и ги почитува другите, а потоа откри колку во животот и значи емоционален партнер.

– Го сакам исламот, мојата религија и ги почитувам сите други. Јас сум космополит. Никогаш не сум ги делела луѓето според религијата, бојата на кожата или слично. Во исламот, важно е да правите сè од срце, исто како и во православието, католицизмот. Врската со Бога е важна, Бог е еден, како и да го наречете – рече Емина.

Пејачката испрати силна порака до сите жени колку е важно да имате вистински маж покрај себе и да бидат сакани.

– Вистинска детоксикација е медитација, работете на себе, не смееме да имаме лоши мисли за другите. Жените имаат најголема самодоверба кога се сакани. Кога вистински маж ги сака, тогаш тие се најсилни – вели Емина.

Пејачката истакна дека и било тешко да се бори со славата токму во времето кога се разведуваше од поранешниот сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал.

– Додека бев омажена со Мустафа, тогаш не се споменуваше за развод, но имаше гласини за тоа … Многу е тешко да се бориш со славата, тоа е несакан ефект на работата што ја работиме. Посакував да имам талент за други работи, никој да не ме познава – заклучи Емина.

Да потсетиме, Емина неодамна јавно излезе со тврдења дека Мустафа не ги исполнува своите обврски кон нивните синови Јаман и Јавуз, како и дека не плаќал алиментација две години.

Слични содржини