Пејачката Емина Јаховиќ со години живее во Истанбул, а сега призна дека многу ѝ недостасува Белград.

„Го обожавам Белград. Кој не го сака? Мајка ми и татко ми студираа медицина таму, сестра ми живее таму, најдобрата пријателка и пријателите. Мене ми недостасува Белград. Ми се плаче“, изјави Емина за телевизијата ИДЈ.

Иако многумина мислат дека животот во Турција за пејачката е „мед и млеко“, таа вели дека дека понекогаш многу ѝ е досадно во Истанбул.

„Понекогаш се уморувам во Истанбул. Белград многу ми недостасува, го сакам градот, ги сакам луѓето. Тие ме создадоа, што друго да кажам, ми дадоа шанса да станам тоа што сум“, истакна пејачката.

Слични содржини