Емина Јаховиќ: Нема втора шанса, Мустафа секогаш ќе биде татко на моите деца, но ништо повеќе од тоа!

од Vladimir Zorba

Мустафа Сандал и Емина Јаховиќ го завршија бракот на мирен начин и останаа во исклучително добри односи. Двајцата многу се трудат околу своите синови Јаман и Јавуз и велат дека нашле вечен пријател. Иако некои се надеваат дека пејачката ќе и даде втора шанса на оваа љубов, таа тврди дека тоа никогаш нема да се случи.

„Мустафа секогаш ќе биде татко на моите два сина, но ништо повеќе од тоа. Го ценам и почитувам што поминав многу, многу време со него. Што се однесува до новата љубов, таа никогаш не може да се испланира. Има време за нешто. Во моментов сум преокупирана со работата, мојата куќа и моите деца. Не мислам дека сега е време за љубов, но во принцип секогаш сум отворена за тие работи. Сепак, познавајќи се себе си и своите критериуми, нема да биде лесно“, искрено рече пејачката во интервју за „Блиц“.

Емина откри и што треба да има мажот за да ја придобие.

„Мажот мора да поседува внатрешна сила, што ја тера жената да биде она што е. И тоа е она што малку мажи го имаат. Без оглед колку се богати, колку се способни, многу малку мажи сакаат да ја видат својата жена на најдобар можен начин. Мислам дека љубовта е комплементарно и бесконечно давање. Она што би сакала е искреност, смисла за хумор и таа внатрешна сила и машка енергија што и треба на секоја жена“, вели пејачката.

Бидејќи го прослави својот роденден пред неколку дена, а со тоа и се приближува на својата петта деценија од животот, таа одговори кои лекции ги научила, а кои не ги знаела во дваесеттите години.

„Јас наполнив 39 години и не размислувам за петтата деценија. Сега кога ме прашавте тоа, малку се исплашив. Во принцип, научив многу. Бев зрела и на 18 години, сега сум подетинеста во некои ситуации, но исто така и многу созреав. Имам измешани чувства за тоа. Она што ми го донесоа годините дефинитивно е дека веќе немам толеранција за глупостите што можев да ги трпам порано. Не обрнувам внимание на тоа што луѓето мислат и кажуваат повеќе, што е најважно од сè, бидејќи единственото на што можам да се потпрам е мојата совест, која е многу чиста во секоја смисла на зборот“.

Слични содржини