Емина откри како се забавуваат, а неговата објава е потполно поинаква

Емина Јаховиќ вчера ги заинтригира фановите објавувајќи фотографии со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, сред приказната дека нивната љубов доби втора шанса. Нешто потоа, таа објави и видео на кое се гледа дека одлично се забавуваат.

Во видеото кое емина го споделила со фановите, двајцата се насмеани и играат, што им се допадна на многумина, а синоќа, на социјалните мрежи, проговори и Сандал.

Меѓутоа, неговата објава е потполно поинаква. На неа се гледа Јаховиќ како гледа во телефонот и не обрнува внимание на поранешниот сопруг.

Двајцата се уште ниту потврдија, ниту ги демантираа наводите дека се смириле, а нема сомнеж дека наскоро ќе дознаеме што се случува со поранешните сопружници.

За потсетување, Емина неодамна ја раскина турбулентната врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран, додека Мустафа пред неколку месеци беше фотографиран со мистериозна русокоса.

Слични содржини