Еминем глуми информатор на ФБИ во новата серија на 50 Сент

од Stefanija Kuzmanovska

Еминем го игра информатор на ФБИ, Ричард Верше Џуниор – познат како Вајт Бој Рик – во претстојната драмска серија BMF (Black Mafia Family) која ќе оди на „Starz“. Станува збор за проект на раперот Куртис Џексон, попознат како 50 Сент, пишува „NME“.

– Почестен сум и му благодарам на мојот добар пријател Еминем што ја поддржа мојата нова емисија „BMF“. Не би можеле да направиме шоу со седиште во Детроит без да ја вклучиме легендата за Еминем – рече Џексон.

Премиерата на серијата е закажана на кабелската телевизија на 26 септември, а ќе следи организација задолжена за дрога и перење пари, основана во 1989 година во Детроит од браќата Деметриус „Big Meech“ Фленори и Тери „Southwest T“ Фленори.

Ликот на Еминен, Ричард Верше беше информатор на ФБИ и како тинејџер во средината на 1980-тите години се инфилтрираше во бандата во Детроит. Кога го напушти ФБИ, на 17 -годишна возраст, беше уапсен за поседување кокаин и осуден на доживотен затвор, иако минатата година беше пуштен на условна слобода на 50 -годишна возраст.

Слични содржини