Еминем клекна за време на настапот на „Супербол“

од Vladimir Zorba

ЕМИНЕМ клекна на сцената за време на неговиот настап на полувремето на „Супербол“ 2022. Овој чин означува една форма на протест против полициската бруталност и расната нееднаквост.

Американските медиуми пренесуваат дека Еминем поради тој потег влегол во конфликт со НФЛ, кој многумина потсети на потегот на Колин Кеперник од пред неколку години. Но, официјалните лица на НФЛ негираа дека имале какви било судири со Еминем пред или по неговиот настап.

Во изјава за Њујорк Пост тие рекоа дека спортистите на „Супербол“ клекнуваат од 2016 година без никакви санкции и дека различните стандарди не важат ниту за музичарите.

На полувремето, меѓу другите, Др. Дре наводно, пишуваат американските медиуми, „се чувствувал одвратно цензуриран“ бидејќи НФЛ „имала проблеми со некои негови стихови“.

Слични содржини