Еминем остро ги осуди оние кои не носат маски

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот рапер Еминем денес остро ги критикуваше луѓето кои одбиваат да носат маски за лице додека случаи на инфекции со коронавурус се во пораст низ целата земја.

„Половина од нас се шетаат како да е зомби апокалипса, а другата половина не сакаат да носат маска и само се исмеваат и така на крајот се заразуваат“, пренесува Би-би-си, цитирајќи го Маршал Метерс, попознат како Еминем.

Како пример за тоа колку лесно се шири вирусот, Еминем ја спомена можноста за инфекција во продавницата, со употреба на корпа што ја користи некој заразен со коронавирусот.

Слични содржини