Емиратите воведуваат работна недела од понеделник до петок

од Vladimir Zorba

Обединетите Арапски Емирати најавија промени во работната недела од јануари, на која ќе се работи од понеделник до петок, пренесува АП.

Државната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати, ВАМ, објави дека од 1 јануари државните службеници ќе работат по половина ден и во петок, на традиционалниот исламски свет ден, додека сабота и недела ќе бидат слободни денови.

Ова е голема промена која му овозможува на финансискиот сектор на Емиратите да работи како што е практика на Запад, наместо да биде затворен како досега, пренесе Танјуг.

Во соопштението се наведува дека промената „придонесува за подобрување на семејниот живот и постигнување квалитативен скок на економските резултати на државата“.

Според АП, ваквата одлука ја прави арапската држава во Заливот едно од ретките места на Блискиот Исток што ќе работи според западното работно време наместо сегашниот модел – од недела до четврток.

Се очекува истото да го следат и приватните компании, како и училиштата.

Слични содржини