Емисиите од Макстил пониски за три до пет пати од дозволените вредности

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Во првиот квартал од годината, емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се пониски од дозволените гранични вредности за 3 до 5 пати. Ова го покажуваат мерењата од двата оџака активни во производниот процес, чија работа се следи во текот на целата година, а компанијата ги објавува квартално.

На мерната точка Оџак од пескара, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 (mg/Nm3) микрограми на метар кубен, највисоката вредност била измерена во месец јануари и изнесува 6,37 микрограми на метар кубен. Највисоката измерена вредност на втората мерна точка, Оџак од филтер постројка каде дозволена гранична вредност изнесува 20 микрограми на метар кубен, е во месец февруари кога биле измерени 7,82 микрограми на метар кубен.

Измерените вредност на емисиите на цврсти честички од Макстил во континуитет се пониски од пропишаните европски гранични емисиони вредности дефинирани според најдобрите достапни техники како и од пропишаните вредности од страна на Министерството за животна средина дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола.

Минималните емисиони вредности се должат на инвестициите на Макстил во современи технолошки и безбедни производни процеси, како и инвестирање во зголемување на еколошките стандарди. Компанијата согласно својот општествено одговорен и транспарентен однос, прва започна со информирање и редовното објавување на резултатите од мерењата на производните процеси.

На графичкиот приказ се претставени измерените вредности од двете мерни точки за првиот квартал од годината, прикажано по месеци и споредено со дозволените гранични вредности.

Слични содржини