Емотивни сцени: Преведувач плачеше за време на говорот на Зеленски (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Откако жена која преведуваше не можеше да ги задржи солзите пред два дена за време на преносот на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на германската телевизија, истото се случи и денеска при обраќањето на Зеленски пред лидерите и парламентарците на ЕУ.

На реченицата „само се бориме за нашата земја и слобода“, преведувачот, кој го преведуваше говорот на Зеленски од Киев во Европскиот парламент, почна да плаче…

„Ние се бориме само за нашата земја и нашата слобода и покрај тоа што сите големи градови во нашата земја сега се блокирани. Никој нема да влезе и да интервенира во нашата слобода и нашата држава и верувајте секој плоштад како и да се викал, денеска ќе се вика Плоштад Слобода. Во секој град од нашата земја никој нема да не скрши. Ние сме силни. Ние сме Украинци. Имаме желба да ги видиме нашите деца живи. Мислам дека тоа е фер. Вчера беа убиени 16 деца. Постојано и одново, претседателот Путин ќе каже дека ова е еден вид операција и дека ја гранатираат само воената инфраструктура. Каде се нашите деца, во кои воени фабрики работат, со кои тенкови одат или лансираат крстаречки ракети? Тој вчера уби 16 лица“, рече Зеленски.

 

Слични содржини