ЕМОТИВНО ВИДЕО: По 182 часа под урнатините, спасено 12-годишно момче

од Stefanija Kuzmanovska

На осмиот ден од потрагата по преживеани во разурнатиот од земјотресот Хатај, на југот на Турција, спасено е 12-годишното момче Каан.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по разорниот земјотрес што пред седум дена погоди десет градови во јужна Турција.

Припадниците на пожарникарската служба на градот Коџаели, кои беа распоредени во областа Џебраил во Антакија, под урнатините лоцираа 12-годишно момче.

Момчето по име Каан беше успешно извлечено од под урнатините, по што му беше укажана лекарска помош.

Според досегашните податоци во Турција и Сирија, бројот на загинати е зголемен на повеќе од 38.000, а повеќе од 85.000 луѓе се повредени.

Слични содржини