Емотивно збогување на Снуп Дог: „Сега конечно имаш свои крилја“

од Vladimir Zorba

Познатиот рапер Снуп Дог сподели тажна вест на социјалните мрежи.

Преку низа објави на својот Инстаграм профил, раперот се прости од својата мајка Беверли Тејт, која почина на 70-годишна возраст.

„Мамо, ти благодарам што ме роди“, напиша Дог на Инстаграм.

За збогување со својата мајка, тој подоцна додаде фотографија на која Тејт држи букет цвеќе, нарекувајќи ја свој ангел.

„Фала ти Господе што ми подари ангел за мајка. Се гледаме повторно“, напиша раперот.

Раперот доби пораки за поддршка од сите страни, а во една од последните најави во чест на неговата мајка, Снуп Дог истакна дека Тејт го охрабрувала во пишувањето песни.

„Ти ме научи да читам и пишувам за тоа што ме мачи и како да се борам. Сега конечно имаш свои крилја, мамо“, напиша раперот.

Слични содржини