EMSC блокира сметки на Twitter поради лажни предвидувања за земјотрес

од Vladimir Zorba

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) објави дека од синоќа ги блокирал профилите на Twitter на корисниците поради лажни предвидувања за земјотрес, но и политички и навредливи коментари.

„Повторно блокиравме многу профили во последните неколку часа, повторуваме дека нашата политика е да не ја користиме нашата апликација за предвидување на земјотрес, бидејќи такво нешто не е можно, и не оставајте политички или навредливи изјави или ќе бидете блокирани. Ви благодариме“, објави EMSC на Twitter.

На подрачјето на БиХ, по синоќешниот земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта се регистрирани повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет.

Слични содржини