Ен-Би-Си: Зетот на Трамп му рекол на Флин да се поврзе со Русите

од Vladimir Zorba

  Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер „околу 22 декември минатата година“ му препорачал на поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Мајкл Флин да стапи во контакт со руските претставници во врска со резолиција на ОН за Израел, јави телевизијата Ен-Би-Си. 

Флин, кој од јануари до февраури годинава беше советник на Трамп за национална безбедност, вчера се изјасни за виновен по обвинението дека го лажел ФБИ за неговите контакти со рускиот амбасадор во САД.

Тој, меѓутоа, истака дека „тимот на Трамп“ му наложил да контактира со руските претставници.

По информацијата на Ен-Би-Си, членот на Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, демократскиот сенатор Марк Ворнер најави дека ќе побара веднаш да биде сослушан Кушнер.

– Има некои луѓе, како господинот Кушнер и некои други, кои ќе побараме одново да бидат повикани на сослушување, рече Ворнер.

Белата куќа вчера соопшти дека признанието на Флин дека лажел за контактите што ги имал со рускиот амбасадор во Вашингтон, се однесуваат само на него и на никого друг.

Ништо, во врска со ова признание на вина или обвинение, нема никаква врска со никој друг, освен со Флин, изјави адвокатот на Белата куќа, Таџ Коб.

Според Коб, признанието на вина од страна на  Флин „го расчистува патот до брз и разумен заклучок”.

Слични содржини