Енчев: По новото палење на бугарско знаме, Софија треба да го повлече својот амбасадор

од Nikola Popovski

„По палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал, бугарското Министерство за надворешни работи треба да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје. Протестните ноти не вршат работа“, истакнува бугарскиот дипломат и политички аналитичар, Велизар Енчев, во коментар за сајтот „Епицентар.бг“.

Тој смета дека ова второ палење на бугарското знаме во Македонија го покренува прашањето дали протестните ноти на бугарското Министерство за надворешни работи се адекватен одговор на „ваквата измама со нашите национални симболи“.

„Прваата ровокација  беше од активисти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тој факт беше изговор за властите. Но, тогашното ветување на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за строго казнување на сторителите се покажа како блеф, бидејќи на сторителите не им беше изречена ниту административна парична глоба. Во исто време, директорот на државната Македонска информативна агенција упати брутални навреди кон министерката за надворешни работи на Бугарија, санкционирани од премиерот Заев само со отстранување од функцијата, но не и со разрешување од агенцијата. Палењето на бугарското знаме во Вевчани, за време на фестивалот забранет од властите, исто така ќе биде заобиколен од властите, кои со својата неактивност поттикнуваат антибугарски злодела“, вели Енчев.

Според него , добрата вест е дека провокативните активности и недостатокот на реакција од официјално Скопје всушност го поддржуваат бугарското вето на македонското членство во ЕУ.

„Дури и за слепите и глувите на Балканот, веќе е јасно – во Република Северна Македонија има толку силни и трајни антибугарски чувства што ниту еден договор за пријателство не може да ги смири. А, договорот на Бугарија за влез во ЕУ ќе биде капитулација на нескротливиот македонизам. Дојде време нашето Министерство за надворешни работи „да го повика бугарскиот амбасадор во Скопје на консултации во Софија“. Овој нормален и често применлив дипломатски потег е дури и заостанат во овој случај. Што чекаме за да го направиме овој неизбежен чекор? Можеби пијани толпи треба да ја нападнат бугарската мисија во Скопје, за да го повикаме нашиот амбасадор?“, прашува дипломатот.

Слични содржини