Енергетски вампири – луѓе кои постојано кукаат и се жалат

од desk4

Способноста да покажете сочувство и емпатија се позитивни особини, но мора да ги користите паметно. Ако по разговор со некоја личност се чувствувате исцрпено, мора да го смените ставот.

Животот носи проблеми, од кои секако не се спасени ниту семејството и пријателите, па често ги слушаме како се жалат. Тоа е сосема во ред, бидејќи сакаат да споделат нешто за да им олесни. Но од друга страна постојаното слушање туѓи жалби е штетно за вас и ви ја одзема енергијата. Мора да научите да ги разликувате луѓето кои ви бараат совет и поддршка од оние кои само се жалат додека ја пренесат својата негативност на вас. Иако можеби ќе ве наречат егосит и нечувствителна личност, сепак грижете се за себе и одбијте ја токсичната комуникација.
Едноставно одбијте да слушате жалби, бидејќи тој што се жали ништо не менува во живото. Навикнат е да биде во улога на навреден. Можете да го слушате, но не и да му помогнете, затоа што не му е потребна помош, туку само сака да зборува. А тоа нема никаква цел, освен што од себе го симнува товарот на вина за својот неуспех, додека вие ја трошите својата енергија и се исцрпувате.

За да си помогнете себеси направете дистанца и држете ја. Немојте да сте постојано достапни кога ќе ве побара. Објаснете му дека никого не треба да го обвинува за тоа што му се случува освен себесич. Никогаш не покажувајте слабост. Овие луѓе се манипулатори и секогаш ќе ве искористуваат. Поставете јасни граници и побарајте да го почитува вашето слободно време и личен простор.

Слични содржини