Подобри енергетски врски во Европската унија можат да им заштедат на корисниците до 40 милијарди евра годишно, објави еврокомесарот за клима и енергијата Мигел Ариас Канете, соопштува Ројтерс.

Energy Union Conference in Riga

Европската унија се обидува да ја намали зависноста од увоз на енергетски ресурси, особено од Русија. Денес Европската комисија ја објави својот стратегија за Енергетска унија,која предвидува подобра енергетска мрежа која че се дели до сите 28 земји членки на ЕУ.

Комисијата истакнува дека планот треба да помогне да се намали цената на енергетските ресурси, да ги зголеми можностите на потрошувачите за избор, да ги интегрира давателите на обновливи извори и да се редуцира потребата од скап увоз.

“Европа губи до 40 милијарди евра годишно, бидејќи нема целосно поврзан енергетски пазар”, истакна КАнете, повикувајќи се на податоци на Европската комисија.

Кај 500 милиони луѓе тоа значи околу 80 евра на секој граѓанин на Европската унија.

Еврокомесарот додаде дека иова е “план земја по земја” за постигнување на целта да се обезбедат прекугранични врски. До 2020 година тие треба да се изедначат со најмалку 10% од капацитетот за производство на енергија на секоја држава.

Потребно е ЕУ да инвестира околу 200 милијарди евра за енергетска инфраструктура до 2020 година. Од износот на трошоците за постигнување на целта-прекугранични врски за 10% од произведената електрична енергија се околу 40 милијарди евра, истакна ЕК.

Брисел појаснува дека 12 земји членки немаат доволно енергетски врски со остатокот од енергетскиот пазар во ЕУ: Велика Британија, Кипар, Естонија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија и Шпанија.

Еврокомисијата ја афирмира стратегијата за создавање на Енергетска заедница во ЕУ, изјави од своја страна потпретседателот на Европската комисија Марони Шефчович, кој ја презентираше стратегијата.

Овој документ ги дефинира она што ЕК има намера да направи во следните пет години во енергетскиот сектор, додаде тој.

Слични содржини