Енес во последен момент решил да го смени автобусот и се спасил од трагедијата

од Берта Китинска

Во последен момент Енес  решил да не се качи во опожарениот автобус  во кој загинаа 44 патници и да отпатува со друга компанија во Истанбул.

Роднините од Скопје, оваа информација не ја знаеле и откако ги виделе информациите за несреќата почнале да го бараат.

Во последен момент тој решил да не се качи во автобусот на Беса Транс.

„Размислував да одам во Истанбул два-три дена со оваа агенција, но се предомислив и отидов со друга компанија. Направив тест за КОВИД-19 и ја сменив резервацијата. Сепак дома знаеа дека патувам со оваа агенција. Немав контакт, немав интернет и роаминг, на враќање кон Северна Македонија“, вели Енес за БТВ.

Неговиот роднини откако видел дека се случила трагедијата почнал да го бара Енес.

-Рано утрото видов на интернет дека се случила оваа несреќа. Почнавме да го бараме братучедот  Енес, но не можевме да го најдеме – не беше онлајн. Мислевме дека е со автобусот на Беса Транс. После 4-5 часа дознавме дека е жив и дека не патувал со оваа компанија,вели Џалал – роднина на Енес.

Несреќата се случи во вторникот, 23 ноември, на автопатот „Струма“, кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали.

Во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани седуммина повредени патници од автобуската несреќа, кои се во стабилна општа состојба и нема опасност по нивните животи.

Слични содржини