Епидемиологот Кон: Носењето маски може да го замени полицискиот час

од Nikola Popovski

Задолжителното носење маски треба да биде соодветна замена за затворањето, како и да се избегнува контакт, изјавил српскиот епидемиолог Предраг Кон за српските медиуми, одговарајќи на прашањето дали постои можност да се избегне предложениот полициски час за престојниот викенд.

„Ситуацијата брзо се влошува, тоа е факт. Од друга страна, најбрзи резултати се добиваат со најстроги мерки, затворањето, што ние го нарекуваме полициски час или карантин. Задолжителното носење маски треба да биде соодветна замена за тоа затворање, како и да се избегнува контакт. Дури и на отворено, контактот мора да биде со маска на лицата. Кога сите носат маски, ризикот од пренесување е еден процент“, изјавил Кон

Д-р Кон смета дека сè уште има зголемена активност на вирусот, но за првпат во последниве денови има мало „израмнување на кривата“ и дека треба да очекуваат намалување на таа активност.

Во исто време, Кон истакнал дека сега се борат за опстанок на здравствениот систем, особено во Белград.

„Кога системот на здравствена заштита ќе колабрира, ќе наидеме на затворена врата во болниците“, рекол епидемиологот и член на Српскиот кризен штаб.

Слични содржини