Епидемиологот Кузмановска објаснува кога е најдобро да направиме ковид -тест

од Берта Китинска

Бројот на заразени и починати секојдневно расте. Во моментов земјава е во екот на третиот бран на пандемијата на ковид 19. Засега на сила останува полицискиот час од 22-05 часот кој според надлежните се очекува да ги даде првите резултатите за една недела.

Д-р Гордана Кузмановска, раководителка на Секторот за контрола и превенција на заразни болести во Институтот за јавно здравје за Локално објаснува дека лицата кои имале контакт со позитивно лице не треба веднаш да се тестираат.

– Согласно стратегијата за тестирање која се применува во нашата земја, се тестираат само лица кои пројавиле симптоми на COVID-19 или по епидемиолошка проценка /индикација. Лицата кои имале контакт со позитивно лице не се тестираат, освен ако не добијат симптоми.Оние кои сакаат да направат тест на своја рака, не треба да се тестираат веднаш. Најоптимално време да го направат тоа е 7 дена по контактот со позитивно лице, вели таа.

Слични содржини