Епидемиологот Вујошевиќ: Од коронавирус животот го загубиле 0,3 отсто од населението на Црна Гора

од Milan1

„Црна Гора не е надвор од светскиот просек кога станува збор за смртност од коронавирус, но за земја со мал број жители тоа е 0,3 проценти од вкупното население, што е големина на некои црногорски градови, како што се Шавник, Петњица, Жабљак“, изјави пензионираниот епидемиолог Новица Вујошевиќ.

Бројот на жртви од коронавирус во Црна Гора надмина вчера 2.000 луѓе, со што вкупно од почетокот на пандемијата во пролетта 2020 година, земјата загуби 0,3 проценти од своето население.

Во изминатите 24 часа во Црна Гора, пет лица починаа како последица од инфекција со коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 2.005.

Во Црна Гора, околу пет илјади луѓе се заразени со Ковид-19, од кои околу 100 се наоѓаат на оддели за интензивна нега.

Најмладата жртва на коронавирусот во таа земја е 19-годишна девојка од Никшиќ, која почина во вторникот во Клиничкиот центар во Црна Гора.

 

Слични содржини