Епилог на еден од најголемите протести во Хонг Конг: Осудени девет опозициски ветерани

Судот во Хонг Конг осуди девет опозиционери за организирање на еден од најголемите протести во тој град за време на политичката криза во 2019 година.

Окружниот суд прогласи за виновни седуммина опозициски ветерани, вклучувајќи ги адвокатот Мартин Ли и „медиумскиот тајкун и демократскиот активист myими Лаи“.

Тие беа осудени за организирање и учество во нелегален собир.

Двајца други опозициски фигури на судењето се изјаснија за виновни.

На осудените им се заканува затворска казна од пет години. Не е познато кога судот ќе ги изрече казните. Според АФП, пресудата е уште еден пример за репресија во Хонг Конг.

Слични содржини