Епл е највредната компанија во светот

од Vladimir Zorba

Епл го престигна саудискиот нафтен гигант „Арамко“ и стана компанија со најголема пазарна вредност во светот.

По објавувањето на својата квартална заработка, акциите на Епл пораснаа за 10,47 проценти во петокот, со што пазарната вредност на фирмата достигна 1,84 трилиони долари. Саудиски „Арамко“, кој е највредната компанија откако излезе на берза минатата година, сега има вредност од 1,76 трилиони долари.

Големата заработка на Епл во третиот фискален квартал, објавена во четвртокот, ја зголеми цената на акциите.

Компанијата се опорави од падот што го доживеа во март за време на пандемијата. Акциите се зголемија за повеќе од еден процент оваа година.

„И покрај ударите од Ковид-19, Епл ги зголеми приходите во секој сегмент и во секој дел од светот“, напишаа „Морган Стенли“ во извештајот.

Слични содржини