Епски пресврт на Ѓоковиќ: Од работ на бездната до полуфинале на Вимблдон

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата на Вимблдон успеа да добие меч, откако загуби два сета. По голем пресврт Србинот го совлада Италијанецот Јаник Синер со 5:7, 2:6, 6:3, 6:2 и влезе во полуфиналето на најпрестижниот турнир во светот. За место во финалето Новак ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот Нори – Гофан.

Ѓоковиќ одлично го отвори натпреварот и поведе со 4-1, се чинеше дека лесно ќе стигне до првиот сет. Србинот пропушти и една брејк топка за 5-1 и од тој момент се се сврте во корист на младиот Италијанец. Синер играше како во транс, освои шест од седум гејма и стигна до првиот сет.

Истиот тренд продолжи и во вториот сет. Италијанецот целосно ги контролираше случувањата на теренот. Тој направи брејк во третиот гем, додаде уште еден во седмиот и стигна до вториот добиен сет за пласман во полуфиналето.

Меѓутоа, тогаш Новак се разбуд. Веќе на стартот од третиот дел јасно стави до знаење дека е во многу подобар ритам. Тој направи брејк во четвртиот гем и без многу мака ја приведе работата во третиот сет и намали на 2:1.

Србинот беше уште подобар во четвртиот сет. По еден час водеше со 4:0 со одлична игра, а беше јасно дека мечот оди во петти сет. Синер успеа да освои само два гема и мечот влезе во петтиот сет.

Беше јасно дека Новак има многу повеќе искуство во овие ситуации. Јаник водеше со 1:0 во петтиот сет, но Ѓоковиќ лесно израмни и потоа го направи вистинското, што се покажа решавачки за брејк од 2:1. Потоа веќе немаше дилема и Србинот четврта година по ред се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Слични содржини