Ер Србија ја објави цената на билетите за летовите меѓу Белград и Москва

од Nikola Popovski

„Ер Србија“ објави дека во медиумите, но и на социјалните мрежи се објавени бројни „шпекулации и невистинити тврдења“ за цените на билетите на оваа компанија меѓу Белград и дестинациите во Руската Федерација.

– Не навлегувајќи во причините поради кои одредени медиуми и лица би сакале да шират невистини за наводно високи цени на билетите, за да им обезбедиме вистинити информации на граѓаните, би сакале да презентираме прецизни информации во врска со тоа. Поради екстремно високата побарувачка од март годинава, билети за летовите на Ер Србија меѓу Белград и дестинации во Руската Федерација може да се купат само неколку дена однапред, вклучително и во недела – се наведува во соопштението.

Во соопштението на „Ер Србија“ се наведува дека билетите за сите летови во септември се веќе подолго време распродадени.

Кога станува збор за октомври, се додава дека во првата половина од месецот има уште многу малку билети.

– Во моментов најниската достапна цена за авионски билет во еден правец во економска класа меѓу Москва и Белград почнува од 397 евра. Најскапиот достапен билет во еден правец во економска класа меѓу Москва и Белград чини 567 евра. Кога станува збор за повратни билети од Москва до Белград во економска класа, најниската достапна цена започнува од 816 евра, а највисоката можна е 1.156 евра. Сите цени се прикажани вкупно, односно вклучувајќи ги сите поврзани даноци, објави Ер Србија.

Слични содржини