Ердоган: Анкара е подготвена да придонесе за мирот во Украина врз основа на прекин на огнот

од Radmila Tasevska

Анкара е подготвена да придонесе за мирот во Украина, му порача денес турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на својот украински колега, Володимир Зеленски.

Ердоган му се заблагодари на Зеленски за солидарноста на Украина со Турција по земјотресот, соопшти Кабинетот на турскиот претседател, пренесе Ројтерс.

Претседателот на Турција, рече дека Турција е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот во Украина „врз основа на прекин на огнот“, преговори и воспоставување мир во руско-украинската војна, која започна пред една година, соопшти Канцеларијата.

Слични содржини