Ердоган бесен на Приштина: Ме предадовте и мене и муслиманскиот свет

од Stefanija Kuzmanovska

Ветувањето на Приштина кон Израел дека ќе отвори амбасада во Ерусалим наиде на жестоки критики во Турција, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган смета дека Косово го предало и него и муслиманскиот свет, наведува шведскиот весник Dagens Niheter.

Палестинското Министерство за надворешни работи исто така реагираше на неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу Израел и Косово и отворањето на косовската амбасада во Ерусалим, оценувајќи го тој чин како разочарувачки и ја повика Приштина да ја поништи одлуката за отворање амбасада во Ерусалим.

„Договорот што Косово го потпиша со окупаторската држава (Израел) и изјавата за намера да се отвори амбасада во окупираниот Ерусалим е чекор што е во спротивност со сè што Косово се обидува да стори за да го убеди светот да го признае“, се вели во соопштението на палестинското министерство, пренесе „Економија онлајн“.

Израел и Косово официјално воспоставија дипломатски односи на први февруари на онлајн церемонија.

Слични содржини