Ердоган до Тирана: Екстрадирајте ги сите терористи

од Stefanija Kuzmanovska

Турција уште еднаш испрати барање до Албанија да ги испорача сите лица кои Анкара ги смета за терористи и предупреди на опасноста по премиерот Еди Рама.

Тој е во опасност од организацијата ФЕТО предводена од турскиот дисидент и проповедник Фетула Ѓулен кого турските власти го прогласија за „најбаран терорист“.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин повтори дека ФЕТО успева да се инфилтрира во државните институции и претставува голема опасност за сите земји во кои работи.

„Албанските власти прават важна работа со нас во борбата против ФЕТО. Оваа терористичка организација успева да манипулира со институциите на земјите во кои се шири и работи. Знаеме дека оваа група работи на влошување на односите меѓу Турција и Албанија“, рече Калин.

Калин го извести албанскиот премиер Еди Рама дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се подготвува за официјална посета на Албанија во наредните месеци.

Албанија планира да купи беспилотни летала во вредност од осум милиони евра од Турција за да ја зајакне безбедноста.

Слични содржини