Ердоган: Две земји на Кипар се најреалното решение

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека е дојдено време да се претстави реален предлог за решавање на кипарското прашање, бидејќи параметрите на тековните преговори се неодржливи. Ердоган смета дека решението со две држави е најреално.

Кипар беше поделен по турската инвазија во 1974 година. Европската Унија го прифати Кипар во полноправно членство во 2004 година и е претставен од меѓународно признаената влада на кипарските Грци на југот на островот. На север е прогласена Турската Република на Северен Кипар, која е признаена само од Турција.

Последниот обид за обединување на островот не успеа во средината на 2017 година. Двете страни се обвинија едни со други за неуспехот, а Анкара ја обвини Европската Унија за кршење на законите прифаќајќи ги само кипарските Грци.

Слични содржини