Ердоган: ЕУ е себична кон Турција

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европската унија има себичен и полн со предрасуди став кон Турција по обидот за воен удар.ердох

Неговата изјава уследи по критиките од Брисел за мерките преземени по обидот за пуч, посебно за најавата за повторно воведување на смртна казна.

– Тие даваат контродикторни изјави. Пристрасни се, имаат предрасуди и ќе продолжат на таков начин да се однесуваат кон Турција, истакна Ердоган.

Тој додаде дека бројот на апсени лица по минатонеделниот обид за воен удар се искачи на 10.410 луѓе.

Портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Јасин Актај прецизира дека од уапсените 7.423 се војници, од кои 162 генерали, 287 полицајци и 2.014 се судии и обвинители. Меѓу уапсените 686 се цивили.

Повеќе од 37.500 државни службеници и полицајци добиле отказ, како 21.000 учители во приватни училишта.

Ердоган денеска потпиша указ со кој се затвораат 1.043 приватни училишта, 15 универзитети, 35 медицински институции, 1.229 фондации и 19 синдикати.

Тој потпиша и указ со кој се продолжува притворот на некои од осомничените до 30 дена. Осомничените ќе можат да бидат 30 дена во притвор пред да бидат изведени пред судија, кој потоа ќе одлучува дали ќе ги задржи во притвор или не.

– Турција треба да биде пофалена за воведувањето на вонредна состојба. Не можам да ги разберам критиките на Европа за тоа, посочи Актај. /МИА

Слични содржини