Ердоган: Финска и Шведска да ја земат предвид загриженоста на Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Финска и Шведска мора да ја земат предвид загриженоста на Турција, како и да дадат не само изјави, туку и резултати доколку сакаат да бидат членки на НАТО.

Говорејќи пред заминувањето на самитот на НАТО во Мадрид, каде што ќе се сретне со лидерите на нордиските нации и на Алијансата, Ердоган рече дека Шведска и Финска мора да ги исполнат очекувањата на Анкара, пренесува „Ројтерс“.

Турција, која е членка на НАТО, досега ги блокираше кандидатурите на Финска и Шведска, бидејќи смета дека тие земји имаат премногу благ однос кон организациите како што е Курдистанската работничка партија, која водеше 38-годишен бунт против Турција.

Слични содржини