Ердоган ги отфрли критиките за промената на статусот на Аја Софија

од Vladimir Zorba

Критиката кон Турција за евентуална преобразба на истанбулската „Аја Софија“ од музеј во џамија „е напад врз турскиот суверенитет“, рече во петокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган предложи да се врати статусот на џамија на споменикот на УНЕСКО, зграда во срцето на христијанското византиско царство и муслиманската османлиска империја и во моментов еден од најпосетуваните споменици во Турција.

„Обвинувањата против нашата земја заради Аја Софија директно влијаат на нашите суверени права“, рече Ердоган, реагирајќи на загриженоста на Западот, особено Грција, Франција и САД.

– Решени сме да продолжиме да ги заштитуваме правата на муслиманите, мнозинската религија на нашата земја, како и припадниците на сите други религии – додаде тој за време на официјалното отворање на друга џамија во Истанбул.

Турскиот суд во четвртокот одржа расправа за повторното претворање на „Аја Софија“ во џамија. Судот ќе ја објави пресудата во рок од 15 дена.

Турските власти соопштија оваа недела дека се „шокирани“ од изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, барајќи од Ердоган да го стопира спроведувањето на неговиот план.

Француското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека зградата од шестиот век, која служела како византиска катедрала со векови пред османлиското освојување на Цариград во 1453 година, мора да остане отворена за сите, пренесе Ројтерс.

Слични содржини