ЕРДОГАН ГИ ПОВТОРИ УСЛОВИТЕ: Доколку Шведска и Финска сакаат во НАТО, мора да ги исполнат

од Nikola Popovski

Стравувањата на Турција од барањето за членство на Шведска и Финска се засноваат на праведни и законски основи, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во телефонски разговор.

„Двете земји треба јасно да кажат дека престануваат да го поддржуваат тероризмот, дека ги укинаа санкциите кон Турција и дека се подготвени да покажат солидарност со Алијансата“, му рекол Ердоган на Столтенберг, како што пренесува Ројтес.

Ердоган рекол дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да верува во нивните гаранции за односите со претставниците на Курдистанската работничка партија, која е забранета во Турција и се смета за терористичка.

Слични содржини