Ердоган: Ги прекинуваме преговорите со Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека веќе не се водат разговори со Грција.

Дијалогот меѓу Анкара и Атина повторно е во застој по обновувањето на разговорите за споровите во Медитеранот минатата година по половина деценија пауза.

Ердоган смета дека разговорите со грчкиот премиер постигнале мал напредок, пренесува „Ројтерс“.

Минатата недела претседателот на Турција изјави дека грчкиот премиер „повеќе не постои“ за него, обвинувајќи го Кирјакос Мицотакис дека се обидел да ја блокира продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција за време на неговата посета на САД.

Турција и Грција, и двете сојузници во НАТО, долго време се во конфликт за голем број прашања како што се поморските граници, големината на нивните континентални појаси, воздушниот простор и етнички поделениот Кипар, потсетува британската агенција.

Слични содржини