Ердоган го поддржа Косово на патот кон членство во НАТО

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти му се заблагодари на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за поддршката што му ја даде Косово за членство во НАТО и Советот на Европа.

Курти на прес-конференцијата истакна дека со Ердоган разговарал и за можностите за економска и комерцијална соработка, безбедност и развој на настаните во регионот и пошироко.

„Ние сме благодарни за улогата на Турција во интервенцијата на НАТО на Косово во 1999 година за да се запре геноцидот врз народот на Косово, за нејзиниот придонес во градењето институции, прогласувањето и признавањето на независноста и нејзината нештедна целосна поддршка во надворешната политика. Му се заблагодарив за неговата гласна поддршка за нашето членство во НАТО и Советот на Европа“, рече Курти.

Според него, денеска во Истанбул се разговарало за пријателски односи и продлабочување на соработката.

Турскиот претседател вети дека ќе го поддржи Косово во пристапот во Советот на Европа, Европската унија и НАТО.

Ердоган рече дека Турција ќе го поддржи Косово да постигне, како што рече, заслужена позиција на меѓународната сцена, потсетувајќи дека тие се втората земја која ја призна независноста на Косово.

Слични содржини