Ердоган го укинува „WhatsApp“: Анкара повикува на употреба на домашни апликации (ФОТО)

од Nikola Popovski

Канцеларијата за медиуми на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наводно, ги затвора свои „WhatsApp“ групи поради загриженост за приватноста. Овој потег следи откако Анкара повика на национален бојкот на апликацијата за пораки во сопственост на Фејсбук.

Од понеделник, канцеларијата се префрла на шифрирана апликација за пораки „BiP“, развиена од турската компанија Турксел, објави Блумберг, повикувајќи се на внатрешни пораки објавени во WhatsApp групите.

Одлуката доаѓа поради растечката зачуденост од планот на „WhatsApp“ да започне да споделува лични податоци со матичната компанија „Facebook“. Правилата стапуваат на сила на 8 февруари, а корисниците кои ќе ги отфрлат новите услови нема да можат да пристапат до своите профили на платформата за пораки.

Таха Коч, шеф на канцеларијата за дигитална трансформација на претседателството, во саботата издаде изјава во која предупредува дека апликациите направени во странство „содржат значителни ризици за безбедноста на податоците“. Тој ги повика турските граѓани да преминат на „локален и национален софтвер“, тврдејќи дека овој потег ќе и помогне на Турција да ги заштити своите податоци.

– Како што изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, да се спротивставиме на дигиталниот фашизам!“, изјавил тој.

Слични содржини