Ердоган и Путин утре ќе се сретнат во Сочи

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот Турција Реџеп Тајип Ердоган во петок ќе престојува во еднодневна посета на рускиот приморски град Сочи, каде ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин на разговори за билатералните врски и меѓународните прашања.

Ердоган и Путин ќе се сретнат лично по втор пат во 17 дена. Претходно тие се сретнаа во главниот град на Иран, Техеран, на трилатерална средба со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

Турција постојано ја нагласуваше својата решеност да ги искорени терористичките организации, вклучително ИСИС и ПКК, заедно со сирискиот огранок на ЈПГ, кои ја загрозуваат безбедноста во Сирија.

Турција најави можност за покренување на уште една антитерористичка операција во северна Сирија, по серијата операции започнати во последните години.

Освен за Сирија, Ердоган и Путин ќе разговараат и за руско-украинската војна, која трае веќе шест месеци.

Слични содржини