Ердоган: Исламска држава нема да постои во Северна Сирија

од desk3

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган гарантира дека терористичката група Исламска држава нема да биде присутна во Северна Сирија, по воената операција во регионот насочена против курдските формации.

Обраќајќи се пред пратениците од сопствената Партија за правда и развој, Ердоган рече дека затворениците, припадници на Исламската држава, кои биле сместени во затвори на Курдите, ќе бидат држени под надзор.

Тој додаде дека некои од нив, кои ќе бидат примени од земјите, чии граѓани се, ќе бидат вратени во родното место. 

Слични содржини