Ердоган изнесе нови застрашувачки информации за разорниот земјотрес

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека земјотресот кој ја погоди земјата на 6 февруари и во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, предизвикал штета од 104 милијарди долари.

Ердоган побара помош од другите земји, посочувајќи дека ниту една земја не е способна сама да се справи со ваква катастрофа.

Тој, исто така, најави дека Турција ќе обнови 319.000 домови во следната година.

„Повеќе од 51.000 луѓе загинаа, а повеќе од 105.000 беа повредени. Според прелиминарните податоци, штетата надминува 104 милијарди долари. Не е возможно една земја сама да се справи со катастрофа од вакви размери. Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста на сите наши пријатели која беше покажана во овие тешки денови“, рече Ердоган на донаторската конференција за Турција и Сирија.

Европската комисија, во соработка со Шведска, која претседава со Советот на ЕУ, организираше меѓународна донаторска конференција во понеделник во Брисел за поддршка на луѓето во Турција и Сирија, погодени од разорните земјотреси на почетокот на февруари.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон претходно изјави дека земјотресите во Турција и Сирија се „катастрофа од историски размери“ со „страшни последици“.

Слични содржини