ЕРДОГАН ЈА ПОФАЛИ МЛАДИНАТА НА НЕГОВАТА ПАРТИЈА: Честитки што не припаѓате на ЛГБТ популацијата

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја пофали младината на неговата владејачка АК партија, бидејќи, како што изјавил, таа ја носи славната историја на нацијата и не е ЛГБТ младина.

Четворица студенти беа уапсени во Истанбул во саботата за уметничко дело кое наводно комбинирало ЛГБТ симболи со слика на една исламска веб-страница.

Протести се одржале по говорот на Ердоган, објави Би-Би-Си.

Вкупно 159 лица беа приведени во понеделникот, повеќе од кога било досега за време на неколкунеделни демонстрации, иако околу 100 беа ослободени следниот ден. Хомосексуалноста е легална во Турција, но официјалното спротивставување на ЛГБТ заедницата расте во последните неколку години.

Маршот на гордоста во Истанбул беше забранет пет години по ред до 2019 година, а поради Ковид-19, тој не се одржа ниту во 2020 година.

Слични содржини