Ердоган ја повика Русија да не ја напаѓа Украина

од Milan1

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика денеска Русија да не ја „напаѓа“ Украина, јави агенцијата Анадолија.

„Русија треба да ја преиспита светската ситуација и сопствената ситуација“ пред да се реши на таков чекор, изјави Ердоган на новинарите по посетата на Албанија.

Ердоган рече дека руската инвазија на Украина не ја смета за реален пристап бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.

„Украина е силна земја“, рече турскиот претседател.

Москва, која го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји е „црвена линија“ што не смее да се помине.

Слични содржини