Ердоган: Ќе ги интензивирам преговорите за извоз на украинско жито

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека има намера да ги интензивира преговорите со Русија и Украина со надеж дека ќе се постигне договор за планот на ОН за извоз на украинско жито на светските пазари.

Ердоган ова го изјави на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Марио Драги.

Турција соработува со Обединетите нации, Украина и Русија за да дозволи транспортирање на милиони тони украинско жито низ безбедни коридори во Црното Море.

Слични содржини