Ердоган: Ќе го забавиме преносот на коронавирусот за две до три недели

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Еродган е уверен дека неговата земја ќе го забави преносот на коронавирусот во рок од две до три недели.

Ердоган во телевизиското обраќање рече дека е уверен дека Турција ќе ја надмине епидемијата на вирусот „во најкус можен рок, со најмала можна штета“, пренесува АП.

Министерот за образование на Турција, Зија Селчук, најави дека сите училишта во Турција ќе останат затворени до 30 април, како резултат на епидемијата на коронавирус, но онлајн-наставата ќе биде обезбедена во тој период, додава Ројтерс.

Во Турција досега од коронавирусот починале 44 лица, додека заразени се 1.972.

Сепак, Ердоган додава дека се следат уште 53.000 луѓе, кои се во домашна самоизолација и 8.554 во болниците.

Слични содржини