Ердоган ќе ја забранува прељубата со закон

од desk2

Турција оди во правец на зајакнување на исламизација на општеството, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предлата прељубата да стане кривично дело.

Тој смета дека тоа што се откажале овој закон да го донесат во 2004 година, било погрешно.

2Мислам дека е вистинско време да расправаме за тоа прашање, со оглед на тоа дека нашето општество има поинаков морален став“, рече тој.

Турција во 2004 година се откажа од донесување ваков закон под притисок на Европската унија, од каде им порачаа дека тоа може да биде пречка за членство. Со оглед на тоа што Турција се уште не стана членка, Ердоган може комотно да го спроведе овој закон.

Во 1996 година Уставниот суд го укина законот кој тогаш важеше, затоа што ги фаворизираше мажите, имено според тој закон, жените се сметаа за прељубнички по само еден чин на прељуба, а мажите само ако се во долга вонбрачна врска.

Слични содржини