Ердоган ќе се вакцинира за да им даде пример на Турците

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот рече дека ќе биде вакциниран за да им даде пример на турските граѓани во борбата против коронавирусот.

– Не ми претставува проблем да се вакцинирам. Потребно е да ја преземам таа мерка за да им дадам пример на нашите граѓани – рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција ќе набавува вакцини од повеќе извори и дека во моментов разговара со Русија за набавка на нејзината вакцина.

Турција нарача 50 милиони дози вакцина за коронавирус од кинеската фармацевтска компанија „Синовак“, а првата испорака на тие вакцини треба да пристигне на 11 декември.

Министерот за здравство Фахретин Коча за државната новинска агенција Анадолија изјави дека вакцинацијата не треба да биде задолжителна, но дека ќе работи на убедување на граѓаните да се вакцинираат веднаш штом турските власти одобрат употреба на вакцината.

Турција во изминатите седум дена имаше околу 30.000 новозаразени со коронавирус на ден. Првата блокада за викендот од крајот на мај стапува на сила од денес.

Потврдениот број на мртви достигна 14.316 од почетокот на пандемијата, пренесува АП.

Слични содржини