Ердоган кон Бајден: Америка мора да го исполни ветувањето за Сирија

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот рече дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден треба да го исполни ветувањето и да работи со Турција за заеднички запирање на трагедијата и за одбрана на демократијата во Сирија, објави Анадолија.

Ердоган зборуваше за Сирија, по повод деценијата од почетокот на граѓанската војна во таа земја.

„Горд сум да кажам дека позицијата на Турција не е променета од почетокот на граѓанската војна во Сирија“, рече Ердоган.

Тој рече дека турскиот народ верува дека воспоставувањето систем способен да ги претставува сите Сиријци е клучно за мирот и стабилноста во Сирија.

Според него, мирно и трајно решение нема да биде можно без почитување на територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија.

Ердоган, исто така, рече дека Соединетите држави и Турција треба да соработуваат во контекст на Сирија.

„Администрацијата на Бајден треба да го одржи ветувањето и да соработува со нас со цел да се запре трагедијата и да се одбрани демократијата во Сирија“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Западот мора прво да заземе јасен став против терористите на YPG и режимот, на чии раце е крвта на невините во Сирија.

Слични содржини