Ердоган: Морси е убиен

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди дека поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој падна и почина во тек на судење, бил убиен.

Ердоган вети дека ќе вложи напори да се обезбеди на египетската влада да и се суди во меѓународни судови поради смртта на Морси, за која се вели дека претрпел срцев удар во Каиро претходно оваа недела.

Говорејќи на предизборен митинг во Истанбул, Ердоган рече дека Морси „не умре, туку е убиен” и побара од Исламската организација за соработка да реагира за смртта на Морси.

Тој додаде дека ќе го покрене тоа прашање на Самитот на Г-20 во Јапонија на крајот од месецов.

Слични содржини