Ердоган најави забрзана урбана трансформација

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во вторник вети обнова на југот на земјата по силните земјотреси што се случија на 6 февруари во таа област.

„Ќе работиме со сите сили да ја забрзаме урбаната трансформација во нашите градови и да го надминеме периодот во кој зградите се урнаа, а луѓето останаа под урнатини“, рече Ердоган на прес-конференција во провинцијата Кахраманмарас, епицентарот на земјотресот.

Тој додаде дека со завршувањето на отстранувањето на урнатините ќе започнат со обнова и заживување на регионот.

„За неколку месеци ќе започнеме со изградба на 309.000 куќи, вклучително и селски куќи во целата зона на земјотресот“, додаде турскиот претседател.

Слични содржини