Ердоган: На границата со Европа има 18.000 мигранти, денес би можеле да бидат 30.000

од Aleksandar Petrovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата вети дека ќе им дозволи на бегалците да патуваат во Европа од Турција, додавајќи дека неговата земја не може повеќе да се справи со нови бранови на луѓе што бегаат од Сирија, опустошена од војната, пренесе АФП.

„Што направивме вчера (петок)? Ние ги отворивме вратите““, рече Ердоган во Истанбул во првите коментари откако во четвртокот беа убиени 33 турски војници во северна Сирија.

„Ние нема да ги затвориме овие врати… Зошто? Бидејќи Европската унија мора да ги одржи своите ветувања “. Турскиот лидер, исто така, рече дека 18,000 мигранти се собрале на турската граница со Европа заклучно со петокот, додавајќи дека нивниот број би можел да достигне 30.000 денеска.

Според него, сирискиот режим на претседателот Башар ал Асад „ќе ја плати цената“ за убиството на 33 турски војници во Идлиб. Турскиот лидер, исто така, рече дека побарал од Путин да „му се тргне од патот“ во северозападната сириска провинција.

Уште еднаш, турскиот претседател вети дека ќе ги остави „отворени вртаите“ за бегалците кои сакаат да стигнат до Европа.

Слични содржини